Продолжува конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово

Date:

Share post:

Со поддршка на Министерството за култура, продолжува конзервацијата и санацијата на црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, значаен споменик на културата.

mariovo 2Во рамките на конзервацијата и санацијата на ова вредно културно наследство од византискиот период која се одвива во неколку фази, стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп ќе работат  на  конзервација на фрескоживописот односно на  отстранување на наталожените нечистотии, додека во третата фаза ќе се изврши  консолидација на оштетениот слој со  ретуш во боја, соопшти Министерството за култура.

Претходно беше извршена превентивна заштита со отстранување на механичките оштетувања на живописот, како конструктивна консолидација на темелите на црквата од западната страна, беа поставени потпорни ѕидови, а се изврши и зацврстување на темелите на црквата од источната, северната и од јужната страна.

Црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, според архитектурата претставува трикорабна базилика изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Црквата, во светски рамки, претставува редок пример на византиската уметност во поглед на исклучителниот архитектонскиот израз и уникатниот фрескоживопис.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...