Почетна Вести Трагедија во Острог: Русин почина среде литургија
Трагедија во Острог: Русин почина среде литургија

Трагедија во Острог: Русин почина среде литургија

803
0

Рускиот државјанин Јуриј Николајевич Камнев од Москва (59) присуствувал на литургија со која служел митрополитот црногорско – приморски Амфилохие пред манастирот Острог, кога наеднаш паднал непосредно пред да му дојде редот за поклонение пред Свети Василиј Острошки.

manastir ostrogНесреќниот човек починал, а владиката Амфилохије веднаш на местото одржал мал помен и кратка беседа.

-Бог душата да му ја прости и да му подари царство небесно. Прв случај некој вака да се упокои во ова светилиште. Тоа е некој Божји знак за Јуриј. Господ го прими овде, да му ги прости сите гревови, волни и неволни и да го упокои со Аврам, Исак и Јаков и Светиот Василиј Острошки, кој на чуден начин го повика на ова место за од овде да го крена во царството небесно, потенцирал Амфилохие.

Тој како и сите други присутни верници и свештеници кои на Русинот се обидоа да му пружат помош, беа видно потресени од оваа несреќа, а на самото место дошла и полиција и Брза помош, но само констатирале смрт кај рускиот државјанин.

Јуриј Николаевич Камнев во острошкото светилиште дошол со група верници, а последните неколку години често доаѓал во Црна Гора.

/ТЕЛЕГРАФ.РС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *