Лесновските монашки пештери ќе бидат осветлени

Date:

Share post:

Лесновскиот манастир е магнет за туристи, а наскоро и лесновските испоснички пештери ќе станат подостапни за големиот број туристи што се помасовно доаѓаат во овој крај.

lesnovo pesteri 3Пештерите кои во минатото служеле како испоснички ќелии на голем број монаси, наскоро ќе добијат осветлување и ќе станат попристапни за посетителите. Парите за овој проект ги обезбеди Центарот за развој на Источниот плански регион преку Швајцарската агенција за развој.

-Четири општини од Источниот регион се откажаа од дел од грантот од швајцарската агенција, кој изнесува 10 милиони денари, за да може Општина Пробиштип со овие средства и сопствено кофинансирање да формира доволен буџет за реализација на овој проект – вели Драгица Здравева, директор на Центарот за развој на ИПР.

lesnovo pesteri 2Според преданието, пештерите настанале кога локалното население ископувало руда и оформувале воденични камења, кои биле многу барани во Солун и Цариград. Подоцна овие пештери биле населени од пустиножители и испосници, кои во овој крај ги имало многу. Токму во една од нив 30 години молитвено тихувал пустиножителот Гаврил Лесновски. Денес пештерите се мали светилишта со многубројни икони во нив, од кои се шири пријатен мирис на темјан.

-Лесновскиот манастир и целиот тој живописен крај и досега беше масовно посетуван од туристи, но овој проект за осветлување на монашките ќелии ќе биде дополнителен импулс за развој на туризмот. Интересно е што Лесново не го посетуваат само православни христијани, туку се повеќе доаѓаат туристи од странство, љубители на манастирскиот туризам – ни рече туристичкиот водич Лиде Стојановски.

Оливер Арсовски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...