Почетна Вера ГРУЕВСКИ: Да продолжиме со соживотот и добрите дела
ГРУЕВСКИ: Да продолжиме со соживотот и добрите дела

ГРУЕВСКИ: Да продолжиме со соживотот и добрите дела

38
0

Nikola-Gruevski-VMRO-DPMNE„Деновите на светиот месец Рамазан се од големо значење за исламските верници, тие носат мир во душата, хармонија, проштевање и разбирање. Правењето добри дела, помагањето помеѓу луѓето, молитвата и посветувањето на Бога се вредности на ова Ваше празнување, но се и универзални вредности почитувани од многу луѓе, како и од многу религии“, пишува Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во честитката до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и верниците од исламска верска определба,  по повод почетокот на Рамазанските пости.

-Колку повеќе ги почитуваме, толку подобар и посреќен ќе биде нашиот живот и општеството во кое живееме, наведува во честитката.

-Соживотот на разните религии кои живеат во нашата земја, да придонесе кон натамошно засилување на почитта и соработката и да помогне со заеднички сили да продолжиме да работиме посветено и одговорно кон унапредувањето на можностите во сите општествени сфери, на растот на економијата и подобрувањето на секојдневието на луѓето и на напредокот на Република Македонија. Токму затоа, Ви посакувам лесен пост, радосни празнични денови и ваквите особини да Ве следат во целата година и за целиот Ваш живот, пишува во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *