Почетна Вести И Светогорските монаси „му свртеа“ грб на Вартоломеј
И Светогорските монаси „му свртеа“ грб на Вартоломеј

И Светогорските монаси „му свртеа“ грб на Вартоломеј

602
0

Сите 20 игумени на светогорските манастири ставија потпис на писмото испратено до Патријарх Вартоломеј и проследено до сите Помесни Цркви, во кое искажуваат несогласување со дел од точките за дневниот ред на Сеправославниот и голем Собор закажан за 16 јуни на островот Крит. Света Гора, која е под јуриздикција на Вселенската патријаршија на овој начин искажува несогласување со неколку теми, особено онаа што се однесува на „однсите на Православната цркав со Христијанските цркви“

Во споменатово писмо се нагласува дека терминот Црква смее да се користи само во однос на Православната Црква.

sveta gora pismo-Светиот и Велик Собор… да го избегнува терминот ’Црква‘ во врска со инославните и за таа цел да ја користи определбата христијански доктрини или исповеданија, му пишуваат игумените на Патријархот Вартолмеј.

Според мислењето на Свештениот Кинот „значењето на единството на Црквата треба да се дообјасни… во единство на Црквата се наоѓаат само членовите на Православната Црква, Телото Христово… само на нив можат да се однесуваат зборовите ’да бидат едно како што сме ние Едно‘“.

Во врска со тоа се предлага замена на изразот во параграф 5 од документот „Односи на Православната Црква со останатиот христијански свет“: Изразот „барање за изгубеното единство на Христијаните“, да се замени со „враќање кон вистината на христијаните коишто се оддалечиле од неа“.

-Светогорците го искажуваат својата несогласување со тоа како се одржуваат дијалозите на Православната Црква со инославните: „Свештениот Кинот не еднаш и при разни околности, официјално се искажувал против богословските согласувања со инославните, и протестирал против заедничките молитви и Литургиски дејства“.

Атонските монаси искажуваат несогласување со учеството на Православните Цркви во Сесветскиот Совет на цркви.

-Светогорците сметаат  дека критериум за вистинитоста на верата е „сознанието на полнотата на Црквата“, кое може да биде изразено и од одделни луѓе, а не само на Соборите.

sobor slika grupnaАтонските монаси настојуваат на неопходноста од спомнувањето на Соборот на Св. Фотиј Велики (879 г.) и Св. Григориј Палама (1341; 1351г.), бидејќи тие јасно го покажаа „догматското и еклисиолошко разидување со инославните (Филиокве, Создадената благодат, Папскиот примат)“.

-Светогорците предлагаат во текстот на документот „Односи на Православната Црква со останатиот христијански свет“,да се вклучи проширено напомнување за православната антропологија и космологија (врз основа на учењето на Св. Григориј Палама).

-Во заклучниот дел на посланието на Атонските монаси се укажува на неопходноста од „Исправање на текстовите на предсоборните документи“, за тие да го изразуваат мислењето на сета полнота на Црквата и да не станат повод за раскол и поделби.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *