ВМРО-ДПМНЕ: Власите даваат огромен придонес во градењето на Македонија

Date:

Share post:

vmro dpmneПратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита празникот 23 мај – Националниот ден на Власите.

Во честитката се наведува дека влашката заедница во Република Македонија претставува нераскинлив дел од нашето општество и несомнено дава огромен придонес во процесот на градење, зачувување и негување на меѓусебните односи и мултикултурната разноликост која ја има Република Македонија.

– Празнувањето и почитувањето на меѓусебните културни посебности и особености е вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава поттик и сила да продолжиме да градиме силни врски на меѓусебно разбирање и толеранција. Само на тој начин, обединети и сплотени ќе создадеме вредности за уште посилен развој и просперитет на нашата држава, пишува во честитката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here