Митрополитот Тетовско-Гостиварски г. Јосиф и годинава не ги заборави децата од домот 11 Октомври за божикните и новогодишните презници. Заедно со естрадната група Маестро присуствуваше на Новогодишната престава во детскиот дом 11Октомври-Скопје.
Владиката од името на тетовско-гостиварската епархија и групата Маестро на дечињата им поделија новогодишни пакетчиња со што и оваа година ја продолжи воспоставената традицијата на хуманитарна мисија и соработка како со домот 11Октомври, така и со другите установи на кој им е потребна помош.
Митрополитот Јосиф имал средба со директорот на оваа институција Ристенка Атанасовска.





