ВАРТОЛОМЕЈ: Да се почитува христијанската историја на Света Софија

Date:

Share post:

Цариградскиот патријарх Вартоломеј бара од Турција да ја почитува христијанската историја на Света Софија во Истанбул. Во честитката неодамна испратена за Рамаза, Вартоломеј искажува почит кон турските Муслимани, нивната вера и светите места, но истовремено Патријархот повикува на еднаков однос кон Христијаните и кон „Аја Софија“.

sveta sofija 4Причина за овој став на Вартоломеј е  неодамнешниот повик за молитва од Света Софија, кој го испрати турската исламска верска заедница за време на рамазанските празници, но и читањето на молитви во состав на овој повик.

-Овие настани можат да се толкуваат како постепено претворање на светски познатиот сега музеј во џамија, велат од Константинополската патријаршија.

“Аја Софија“, која во 1453 година била претворена во Џамија, во 1931 е прогласена за музеј и е забранет секаков верски обред во нејзе.

На папите Јован павле втори, Бенедикт XVI и Франциск, при посетите не им било дозволени ниту тивко да се помолат внатре во Света Софија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img