Трамп: Сакам да видем дека Папата закрепнува, бидејќи ракот е серизна работа

Date:

Share post:

Американскиот претседател Доналд Трамп му посака брзо закрепнување на папата Лав XIV, кој на 13 октомври беше опериран за отстранување на аденокарцином од десното белодробно крило.

„Сакам да видам дека папата Лав закрепнува. Слушам дека прогнозите за таков проблем се добри. Станува збор за рак. Тоа е сериозна работа. Секогаш кога имате рак…“, изјави Трамп, додавајќи дека, според информациите што ги следел, прогнозите изгледаат охрабрувачки.

„Му посакуваме љубов и сè најдобро“, рече американскиот претседател.

Од Ватикан соопштиле дека постоперативното закрепнување на папата се одвива непречено, повикувајќи се на информациите од неговиот медицински тим.

Папата Лав XIV е поглавар на Римокатоличката црква. Неговата здравствена состојба се следи со внимание, имајќи ја предвид неговата улога на чело на Католичката црква и неговите активности на меѓународната црковна и дипломатска сцена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img