Романскиот патријарх Даниел за почетокот на учебната година: Веронауката придонесува за развојот на личниот идентитет

Date:

Share post:

„Децата и младите се Божји дар за семејството, за Црквата и за народот“, порача во вторникот Романскиот патријарх г.г. Даниел во својата порака по повод почетокот на учебната 2026/2027 година.

Романскиот патријарх го нагласи значењето на веронауката за учениците, преку која, како што рече, тие „можат да станат не само добри граѓани на земната татковина, туку и граѓани на небесната татковина“.

„Веронауката придонесува за развојот на личниот идентитет, за запознавањето со духовните и културните вредности на човештвото и нуди елементи на применета етика, неопходни за духовното здравје на поединецот и на заедницата“, истакна патријархот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img