Почетна Вести Европа Помпео: Не го посакуваме притисокот врз Вселенската Патријаршија од Москва
Помпео: Не го посакуваме притисокот врз Вселенската Патријаршија од Москва

Помпео: Не го посакуваме притисокот врз Вселенската Патријаршија од Москва

603
0

Русија се обидува да го присвои првенството во Православната Црква, спомна утрово од Крит, американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео, за време на заедничкото интервју со грчкиот премиер Кириакос Мицотакис.

Зборувајќи од Суда, Министерот за надворешни работи на САД, сакајќи да испрати за оваа тема една јасна порака кон Русија, во неговата изјава наведе дека „Премиерот и јас се согласивме да создадеме тесна соработка, за да ги надминеме предизвиците што ги наметнува Русија, како што е обидот да ја присвои Православната Црква“.

За конкретната репортажа којашто ја емитуваше пред малку ANT1, нагласува уште дека „американската страна го прави секој обид, за да се намали руското влијание во областа, бидејќи и Вашингтон не посакува да се притисне Вселенската Патријаршија, во борбата што ја води Москва, за да го земе првенството во Православната Црква“.

Согласно истата репортажа, конкретнава тема се дебатираше и претходниот четврток помеѓу американскиот Архиепископ Елпидофор и министерот за надворешни работи Мајк Помпео за време на средбата што ја имаа двајцата во Америка.

Анастасија Вопис ORTHODOXIA.INFO

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *