Папата Лав XIV упати апел до страните во војната во Украина да овозможат безбеден транспорт на жито преку Црното Море, предупредувајќи дека воениот конфликт ги погодува и најсиромашните земји, чие население зависи од увозот на житни култури.
„Секојдневниот леб на милиони луѓе не смее да биде заложник на војната“, порача папата за време на неделната молитва Ангел Господов (Ангелус), осврнувајќи се на последиците од војната што се чувствуваат и надвор од границите на Украина.
„Војната во Украина продолжува да предизвикува страдања далеку надвор од нејзините граници, особено во најсиромашните земји, каде што многу луѓе зависат од увозот на жито“, истакна Лав XIV, повикувајќи ги завојуваните страни да овозможат непречен и безбеден транспорт на украинското жито преку Црното Море.
Апелот на папата го нагласува и поширокиот хуманитарен аспект на војната, чии последици не се ограничени само на украинското население, туку се одразуваат и врз снабдувањето со храна во земјите зависни од увоз.

