Пахомиј одбележа 34 години на чело на Врањската епархија, на прославата немаше претставници од МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Митрополитот Пахомиј Гачиќ во неделата одбележа 34 години од своето устоличување на чело на Врањската епархија на Српската православна црква (СПЦ), но според објавените фотографии, одѕивот на верниците на прославата бил скромен.

По повод јубилејот била отслужена Света литургија во Соборниот храм во Врање, со почеток во 9 часот. Верниците претходно биле повикани „молитвено да земат учество“, но сепак, според фотографиите објавени по литургијата, во храмскиот двор имало релативно мал број верници.

Пахомиј, со световно име Томислав Гачиќ, бил избран за епископ на Врањската епархија на 28 мај 1992 година. На 23 август истата година бил хиротонисан и устоличен за епископ врањски.

Хиротонијата ја извршил тогашниот српски патријарх Павле, заедно со повеќе архијереи на СПЦ.

На одбележувањето на 34-годишнината од неговото архиерејско служење немаше претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) иако во последните 4 години тој беше редовен гостин кај некои владици во Македонија.

Пахомиј и контроверзиите

Пахомиј во минатото беше предмет на големо внимание на јавноста и поради обвиненија за Педофилија.

Во 2003 година беше обвинет за блудни дејствија врз четворица малолетници. Во судските постапки пред световните судови беше ослободен, додека дел од предметите застарија.

Пред четири години, во Врање беше промовирана монографијата „Споменица“, посветена на 30 години од неговото епископско служење во Врањската епархија.

Пахомиј Гачиќ е епископ на Врањската епархија од 1992 година, а во текот на повеќе од три децении на чело на епархијата стана еден од најдолговечните архиереи во актуелниот состав на СПЦ.

Во меѓувреме, само ден пред прославата, Пахомиј во манастирот „Преображение Господово“ во Козји Дол го прими српскиот претседател Александар Вучиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img