Монахот Варсонофиј (Турјански) загинал, а уште двајца лица се тешко ранети при напад во Свето-Успенската Свeтогорска лавра во Доњецката област во Украина.
Според соопштението на Украинската православна црква, во нападот бил тешко ранет и монахот Григориј, кој успеал да стигне до братските конаци и да ги извести другите монаси за случувањето. Тешко ранет бил и Андреј Кириенко, бегалец кој престојувал во манастирот.
Повредените првично биле пренесени во болницата во Славјанск. Монахот Григориј имал околу четири убодни рани, меѓу кои и продорна повреда на белите дробови, додека и Кириенко се здобил со повреда на белите дробови. Двајцата изгубиле значително количество крв, по што биле пренесени во Харков на понатамошно лекување и остануваат под лекарски надзор.
За нападот е отворена истрага. Засега нема официјални информации за тоа кој стои зад нападот, дали сторителите се поврзани со одредена организација или кој бил мотивот.
Украинската православна црква не наведува дека нападот бил мотивиран од верска омраза. Иако вакви тврдења веќе се појавија во јавноста, мотивот сè уште не е официјално утврден и истрагата треба да покаже што точно се случило.
Святогорската лавра и нејзините монаси повеќепати беа погодени од воените дејствија од почетокот на руската инвазија врз Украина. Во 2022 година објекти на лаврата и нејзините скитови беа погодени и оштетени во руските напади, при што загинаа и беа ранети монаси.
По завршувањето на сеноќното бдение на 23 август во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“, монасите отслужиле панихида за загинатиот монах Варсонофиј.
Од Светогорската лавра повикаа на молитви за упокој на монахот Варсонофиј, како и за брзо закрепнување на монахот Григориј и Андреј Кириенко.
/hristianstvo.bg


Монахот Варсонофиј, сега Христов маченик, бил убиен при жесток демонски напад при што лицето му било избодено до непрепознавање. Во украинската јавност се говори за ритуално сатанистичко убиство.
Сатанизмот во Украина структурно се поддржува од сите страни вклучително и од расколничка „православна“ црква.
Тоа што не се осмелувате да известувате отворено за демонската жестокост на убиството сепак ми дава трошка надеж дека зрно човечност останало во вас и дека можеби по Божја милост сепак ќе се вратите при Христа. Господ нека ви се смилува!