„Нова Македонија“ со помош на вештачаката интелеген почнува нов, навистина нескојдневен проект кој го наслови „Гласот на револуционерите повторно се слуша!“.
Овој проект е замислен како серија видеа посветени на македонските револуционери.
-Преку нивните мисли и визии, сакаме да ги оживееме идеалите за кои се бореле – македонска држава, слобода, македонски јазик, достоинство… за да не потсетуваат на вредностите кои и денес се наши водилки. Тоа ќе бидат серија куси видео-клипови на „оживеани“, колоризирани, оригинални фотографии на нашите дејци, со помош на новите технологии, на кои им претходеше наше долготрајно истражување низ историските архиви, за да обезбедиме што поголем степен на автентичност, велат од дневниот весник Нова Македонија.
Весникот на својот интернет портал, секој понеделник и четврток ќе објавува ново видео.
Првото видео од серијата, кое го објавија се зборовите на Гоце Делчев. Тие зборови и денес звучат како силен повик за единство и верба во нашата Македонија. Нека одекне гласот на нашите револуционери и денес!, потенцираат од весникот.

