Големи мерки за безбедност за посетата на Папата

Date:

Share post:

На 7 мај, Скопје ќе биде под полициска опсада. Безбедноста ќе биде подигната на највисоко можно ниво бидејќи за прв пат во земјава доаѓа поглаварот на римокатоличката црква. Папата Францисково Скопје ќе престојува околу 10 часа, а во тој период во градот ќе има засилени безбедносни мерки.

Откако Папата Франциск ќе пристигне на плоштадот и ќе поминува меѓу верниците, тие нема смеат да фрлаат предмети кон него, дури ни цвеќиња, а во текот на литургијата нема да смеат да ракоплескаат. Забрането ќе биде носење чадори, транспаренти и знамиња, а минатата недела се заварија и шахтите на плоштадот.

Папата ќе се сретне со Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, а ќе има и обраќање во салата „Мозаик“ на претседателската палата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here