Брус Дикинсон: Организираната религија повеќе се занимава со контрола отколку со духовно просветлување

Date:

Share post:

Фронтменот на „Ајрон Мејден“ ја критикува институционализираната религија во пресрет на новиот соло-албум „PsychoGod“, инспириран, меѓу другото, од библиската приказна за Јов

Photo credit: Metal Addicts / Kanon Madness

Брус Дикинсон, фронтменот на британската хеви-метал група „Ајрон Мејден“, упати остри критики кон организираната религија, оценувајќи дека нејзината основна улога низ историјата повеќе била поврзана со контролата врз луѓето отколку со нивното духовно просветлување.

„Организираната религија всушност не е насочена кон индивидуалното просветлување. Во најголем дел, станува збор за контрола“, изјавил Дикинсон во интервју за австралискиот музички медиум „Noise11“, зборувајќи за својот претстоен соло-албум „PsychoGod“.

Како една од инспирациите за албумот, музичарот ја посочува библиската приказна за Јов, која е во центарот на истоимената песна. Дикинсон ја толкува приказната како пример за односот меѓу Божјата моќ, човечкото страдање и послушноста кон Бога.

Во своето објаснување, тој се осврнува на библискиот наратив во кој сатаната ја оспорува искреноста на Јововата вера, тврдејќи дека човекот му е верен на Бога само затоа што живее во благосостојба. Потоа следуваат страдањата на Јов, кој ги губи семејството и имотот, но и покрај тоа не се откажува од својата вера.

Дикинсон ја критикува теолошката слика за Бога што ја препознава во оваа приказна, нарекувајќи ја проблематична и оценувајќи дека врз таквата претстава се гради религиски систем во кој од луѓето се бара послушност.

„Пронајдете ми една религија што е напишана од божество. Сите религии се создадени од човекот“, вели Дикинсон.

Тој прави и споредба меѓу некогашното влијание на црковните институции и денешната моќ на интернет-инфлуенсерите и теориите на заговор. Според него, луѓето сè почесто им го препуштаат сопственото размислување на други, наместо критички да ги проверуваат информациите што ги добиваат.

„Ако тоа повеќе не е Католичката црква, тогаш се интернет-инфлуенсерите и теориите на заговор. Луѓето сакаат полесен излез – некој друг да размислува наместо нив“, оценува музичарот.

Дикинсон смета дека интернетот и социјалните мрежи дополнително го поттикнуваат овој процес, предупредувајќи дека некритичкото прифаќање на информациите е сериозна закана за менталното здравје и способноста за критичко размислување.

Во интервјуто тој се осврнува и на историските процеси на реформацијата и просветителството во западното општество, посочувајќи дека тие придонеле за промена на односот кон верските разлики и прифаќањето на соживотот меѓу луѓето со различни верувања.

Неговите ставови за религијата се дел од концептот на новиот соло-албум „PsychoGod“, кој треба да биде објавен на 12 март 2027 година преку издавачката куќа „BMG“. Станува збор за осмиот соло-студиски албум на Дикинсон, по изданието „The Mandrake Project“ од 2024 година.

Во музичкиот и тематскиот концепт на новиот албум се вклучени и мотиви од делата на Вилијам Блејк, Алистер Кроули, античката митологија и книжевноста.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img