Анатомија на една разоткриена лага

Date:

Share post:

Еден напис објавен на сајтот на таканаречениот „Сојуз на православни новинари“ деновиве се обиде да создаде впечаток дека Вселенската патријаршија тајно одржува контакти со неканонската структура позната како „Црногорска православна црква“. Повод за тоа беше кратка епизода од 19 јануари во Рим, каде што архиепископот на Финската православна црква, Илиja, наводно се сретнал со Борис Бојковиќ, лице кое раководи со структура што се претставува како Црногорска православна црква.

Според интерпретацијата на СПЖ, настанот бил особено „сомнителен“ затоа што доаѓал во период кога претставници на Вселенската патријаршија јавно изјавиле дека Фанар нема никакви врски со расколнички структури во Црна Гора. Написот се обидува да сугерира дека ваквата средба го побива официјалниот став на Вселенската патријаршија и дека сепак постои „неформален дијалог“ со балкански расколнички групи, при што тенденциозно се додава и тврдењето дека Финската православна црква губи верници.

Она што написот свесно го премолчува е поширокиот контекст на настанот. Станува збор за голема свечена и меѓународна церемонија одржана во Рим, по повод 148 години од основањето на Националниот институт за почесна гарда при кралските гробници во Пантеонот. На настанот присуствувале делегации и претставници од различни цркви и институции: православни, лутерански, украински свештеници и други учесници од повеќе земји. Во таква средина, кратки и протоколарни средби меѓу присутните биле неизбежни и не претставуваат ниту официјални разговори, ниту каков било дијалог од канонска природа.

Поради пропагандниот ефект што написот го произведе, архиепископот Или јавно реагираше, нарекувајќи ја целата приказна „школски пример на дезинформација“. Тој појасни дека станувало збор за случајна, двеминутна средба со лице кое се претставило дека доаѓа од Црна Гора, без разговори, без преговори и без каков било официјален карактер. Од таа кратка епизода била направена целосно конструирана приказна со однапред зададена теза. Со други зборови, објавена е мала и извадена од контекст информација, врз која се надградени инсинуации со цел да се создаде недоверба и да се прикаже дека Вселенската патријаршија наводно зборува едно, а прави друго. Ваквиот начин на информирање е веќе познат: селективно цитирање, премолчување на фактите и додавање коментари со јасна пропагандна насока.

Не е првпат овој интернет-ресурс, „Союз Православных Журналистов“, да биде поврзан со дезинформации. Поради вакви практики, тој е под санкции и забранет во Украина, а во изминатиот период беше предмет и на интерес на истражувачки новинари. Затоа, ваквите написи треба да се читаат со особена претпазливост и со јасна свест за нивната вистинска цел.

Објава на Архиепископот на Финска, Илија на Фејсбук:

„Школски пример за дезинформации

Кратка средба во Рим со некој облечен како епископ кој се претставил како од Црна Гора. Фотографија направена во тој момент. И од ова, се испреплетува наратив.Нека ова послужи како школски пример за тоа како се произведуваат и бесрамно се шират дезинформации. Немаше преговори. Немаше состанок. Она што се случи беше еднострана, двоминутна средба – од типот на такви што се случуваат на секој голем собир каде што луѓето се среќаваат. Оние кои сакаат да конструираат разработени приказни од случајни средби можат да извлечат свои заклучоци. Остатокот од нас ја препознаваме целта на ова: анатомија на лага, разоткриена“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img