Денеска погреб на митрополитот Иринеј во Нови Сад, архиепископот Стефан упати сочувство до Порфириј

Date:

Share post:

Митрополитот бачки Иринеј, кој почина на 24 ноември, денеска ќе биде погребан во криптата на Соборниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ во Нови Сад.

Според најавата на Српската православна црква, заупокојната литургија ќе започне во 9 часот во храмот „Свети Три Ерарси“ (Алмашкиот храм) во Нови Сад. Опелото е закажано за 12 часот, а со богослужбите ќе началствува српскиот патријарх Порфириј, во сослужение со архијереи на Српската православна црква и архијереи од сестринските православни цркви.

Архиепископот Охридски и македонски Стефан упати телеграма со сочувство до патријархот Порфириј, во свое име и во името на Светиот архијерејски синод, свештенството, монаштвото и верниците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во телеграмата, архиепископот Стефан го истакнува придонесот на митрополитот Иринеј за надминувањето на деценискиот спор меѓу Македонската и Српската православна црква и за унапредувањето на односите меѓу двете сестрински цркви.

„Митрополитот Иринеј полагаше особена грижа за соборноста и сеправославното единство, развивајќи ја свеста за значењето на заемното уважување, за што сведочи неговиот неоспорен придонес во надминувањето и решавањето на деценискиот спор и унапредувањето на односите меѓу нашите две сестрински помесни Цркви“, се наведува во телеграмата.

Архиепископот Стефан го опишува Иринеј како истакнат теолог, професор и ерудит, кој оставил значајно наследство во Српската православна црква.

СПЦ објави дека телеграма со сочуство испратил и Повардарскиот митрополит Агатангел.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img