Почина бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ

Date:

Share post:

Митрополитот бачки Иринеј Буловиќ почина денеска, 24 ноември, објави српскиот портал Б92, повикувајќи се на информации на весникот „Новости“.

Според објавената информација, Иринеј Буловиќ починал денеска, а порталот најави дека дополнително ќе објави повеќе детали за смртта на еден од највлијателните архиереи на Српската православна црква.

Иринеј Буловиќ, со световно име Мирко Буловиќ, е роден во 1947 година во Станишиќ. За епископ на Бачката епархија беше избран во 1990 година, а во 2024 година ја доби титулата архиепископ новосадски и митрополит бачки.

Тој со децении беше една од највлијателните личности во СПЦ, особено во нејзините богословски, црковно-административни и меѓуцрковни односи. Беше професор на Богословскиот факултет во Белград и член на Светиот архијерејски синод.

Неговото влијание во црковниот живот на СПЦ беше особено изразено во прашањата поврзани со православното богословие, односите со другите помесни православни цркви и внатрешното уредување на Српската црква.

На 12 ноември српските медиуми објавија дека митрополитот Иринеј бил во тешка здравствена состојба, по оперативен зафат, и дека бил приклучен на респиратор во болницата во Сремска Каменица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img