Мошти на Свети Јован Крстител се враќаат во Цариград по осум века

Date:

Share post:

Католичкиот епископ на Амиен му подари на Вселенскиот патријарх дел од светите мошти на Свети Јован Крстител, кои ќе бидат изложени за поклонение во Вселенската патријаршија.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја посети католичката катедрала „Пресвета Богородица“ во францускиот град Амиен, каде што се поклони на моштите на главата на Свети Јован Крстител, кои се чуваат во посебна капела во катедралата.

Посетата се одржа на 9 октомври 2026 година, а патријархот беше пречекан од католичкиот епископ на Амиен, Жерар Ле Станг.

Според соопштението на Вселенската патријаршија, светите мошти биле пренесени во Амиен во 1206 година, откако претходно се чувале во Студискиот манастир во Цариград. Нивното пренесување се случило во периодот на Четвртата крстоносна војна, во чии рамки крстоносците го освоиле и ограбиле Цариград во 1204 година.

При посетата, епископот на Амиен му подарил на патријархот Вартоломеј дел од моштите на Свети Јован Крстител. Реликвијата ќе биде изложена за поклонение на верниците во Вселенската патријаршиска црква „Свети Георгиј“ во Фанар.

Во придружба на патријархот беа митрополитот старец Халкидонски Емануил, митрополитот Француски Димитриј, епископот Синопски Амвросиј и големиот еклисијарх Аетиј, директор на Посебната патријаршиска канцеларија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img