Митрополит Никола повторно во Австралија, се сретна со австралискиот амбасадор задолжен и за Македонија

Date:

Share post:

Митрополитот Никола од Австралиско-новозеландската епархија на МПЦ-ОА повторно престојува во Австралија, каде што на 8 октомври остварил средба со австралискиот амбасадор Питер Трасвел, дипломат задолжен за Србија, Црна Гора и Македонија.

Средбата се одржала во просториите на Австралиско-новозеландската епархија, а според објавата на епархијата, во разговорите биле опфатени дејноста на Македонската православна црква во Австралија и нејзината улога во зачувувањето на духовниот, националниот и културниот идентитет на македонската заедница.

Митрополитот Никола му се заблагодарил на амбасадорот за посетата и за интересот за животот и мисијата на МПЦ-ОА, а пренел и поздрави и благодарност од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Од епархијата посочуваат дека средбата била можност за разговор за унапредување на односите со австралиските институции, како и за продлабочување на соработката и меѓусебното разбирање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img