Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески остварил средба со митрополитот Преспанско-пелагониски Петар.
Ристески на социјалните мрежи објави дека средбата се одвивала во пријателска атмосфера, при што била истакната улогата и значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во општествениот живот во Македонија.
„Во пријателска атмосфера ја истакнавме позитивната улога и значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во општественото живеење во Република Македонија“, наведе Ристески.
Средбата ја заокружил со порака за мир и спокој, но и со повик за заедничко работење во интерес на народот и државата.
„За мир во срцето и спокој во душата. Сите да работиме во интерес на својот народ и нашата Македонија“, напиша заменик-министерот Ристески.

