Групна венчавка за оние кои не се венчале во Црква

Date:

Share post:

Повардарската епархија и годинава организира бесплатни групни венчавки за брачни парови кои досега не го крунисале својот брак пред Бога.

Групната венчавка ќе се одржи во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, во недела, 15 ноември 2026 година, со почеток во 12:00 часот.

Од Повардарската епархија информираат дека организирањето на групните венчавки е благословено од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, со цел брачните парови кои досега не ја примиле Светата Тајна Брак да можат да го направат овој чекор.

Заинтересираните брачни парови можат да се пријават во храмовите „Св. вмч. Димитриј“ и „Св. Петка“ во Кавадарци, како и на телефонскиот број 070/392-022.

Лице за контакт е протоереј Саше Ристов.

Од Повардарската епархија упатуваат порака до семејствата, со молитва за љубов, мир и единство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img