Архиепископот Охридски и Македонски Стефан се врати на редовните активности по периодот на отсуство поради здравствени причини.
На 24 септември, архиепископот Стефан оствари две средби со претставници на државната власт, со што продолжи со својата јавна агенда.
Во текот на денот тој се сретна со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. На средбата присуствуваше и протоѓаконот Ванчо Умленски.
Архиепископот Стефан истиот ден оствари и средба со државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Јовица Палашевски.
Двете средби се првите јавно објавени активности на архиепископот по периодот во кој неговото присуство на црковните и јавните настани беше ограничено поради здравствени причини.

