Со благослов на оризовата жетва и мал водосвет во село Чифлик, кочанско, беше одбележан почетокот на жетвата на оризовите полиња и Денот на Општина Чешиново-Облешево.
На прославата, одржана на 21 септември, на празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, присуствуваше митрополитот Брегалнички Иларион, кој го благослови и пресече празничниот леб и изврши мал водосвет.
Со настанот традиционално се одбележува почетокот на жетвата на оризот во кочанскиот крај, каде оризопроизводството е меѓу главните земјоделски дејности.
На прославата присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов, како и други гости.

