„Децата и младите се Божји дар за семејството, за Црквата и за народот“, порача во вторникот Романскиот патријарх г.г. Даниел во својата порака по повод почетокот на учебната 2026/2027 година.
Романскиот патријарх го нагласи значењето на веронауката за учениците, преку која, како што рече, тие „можат да станат не само добри граѓани на земната татковина, туку и граѓани на небесната татковина“.
„Веронауката придонесува за развојот на личниот идентитет, за запознавањето со духовните и културните вредности на човештвото и нуди елементи на применета етика, неопходни за духовното здравје на поединецот и на заедницата“, истакна патријархот.

