Владиката Јустин по разрешувањето од Жичката епархија повторно служеше Света литургија

Date:

Share post:

Епископот Јустин, кој со одлука на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква (СПЦ) беше разрешен од управувањето со Жичката епархија, минатата недела ја отслужи својата прва Света литургија по разрешувањето.

Литургијата била отслужена во манастирот „Свети Лука“ во селото Бошњани, во близина на Варварин, во Крушевачката епархија, каде што епископот Јустин продолжува со својот монашки и црковен живот.

Јустин претходно беше на чело на Жичката епархија, но во февруари годинава со одлука на Светиот архијерејски синод му беше одземено управувањето со епархијата. На редовното заседание на Светиот архијерејски собор во мај било потврдено неговото разрешување од епископскиот престол.

Како официјална причина, СПЦ го наведе резултатот од постапката за контрола на материјално-финансиското работење на Жичката епархија. Според соопштението на Синодот, во текот на постапката биле собрани докази врз основа на кои било утврдено дека Јустин сторил „бројни канонски и други црковни престапи“ во управувањето со епархијата.

Според медиумски информации, за неговото разрешување гласале 27 архијереи, додека шест епископи издвоиле мислење и не учествувале во гласањето.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а дел од медиумите и јавноста го поврзуваа разрешувањето и со односот на епископот Јустин кон студентските протести во Србија. Јустин беше меѓу епископите кои јавно изразуваа поддршка за студентите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img