Во неделата, 9 август, во Крушево се одржа традиционалната литија со моштите на Свети Климент Охридски, која низ градските улици се одржува во рамките на празничните чествувања посветени на покровителот на МПЦ-ОА.
Литијата започна по завршувањето на вечерната богослужба во храмот „Свети Николај Мирликијски“ во Крушево, со која началствуваше митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован.
Литијата ја предводеше епископот Дремвитски Давид, во присуство на градоначалникот на Крушево, директорката на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, како и бројно свештенство, монаштво и верен народ.
Моштите на Свети Климент Охридски беа носени низ улиците на Крушево, а верниците учествуваа во молитвениот чин, оддавајќи почит на еден од најзначајните светители и просветители во македонската духовна и културна историја.
Традиционалната литија претставува дел од црковните и културните чествувања во Крушево и секоја година собира голем број верници и посетители од градот и околината.










