Бројот на невини жртви од украинскиот конфликт расте и време е страните да се свртат кон дијалог, изјави папата Лав XIV по неделната молитва.
Поглаварот на Римокатоличката црква изрази загриженост за продолжувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина. Тој истакна дека „трагичните настани“ не само што продолжуваат, туку се множат, што доведува до зголемување на бројот на цивилни жртви.
Папата Лав XIV ги повика двете страни да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да ги запрат нападите во кои се убиваат цивили.
„Дојде време да се запре спиралата на насилство и да се отстапи место на дипломатијата и дијалогот, со цел да се отвори патот кон мирот“, рече папата.

