Григориј и Јосиф гости на Бугарската црква

Date:

Share post:

Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј бил гостин на Доростолски митрополит Јаков од Бугарската Православна Црква. Со Григориј бил и пензионираниот митрополит Јосиф. Двајцата на покана на БПЦ сослужувале за празничните богослуженија во чест на споменот на светите Доростолски маченици.

На настанот гостин имало и од Романската православна црква.

-Во навечерието на самиот празник, на 20 јуни 2026 година, Митрополитот Григориј, во молитвено присуство на Митрополит Јаков, Митрополитот Јосиф, Преосвештениот Епископ Тулчански г. Висарион од Романска Православна Црква и Преосвештениот Епископ Агатоникиски г. Борис од Бугарска Православна Црква, ја возглави Воскресната вечерна богослужба. Утредента, на 21 јуни 2026 година, Митрополитот Јаков, во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Русенски г. Наум од Бугарската Православна Црква, Митрополитот Григориј, Митрополитот Јосиф, Епископот Висарион и Епископот Борис, ја возглави Божествената Литургија, стои во соопштението од Кумановско-осоговската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img