Цртичка – Летна школа по српски јазик и култура во Охрид

Date:

Share post:

Годинашната Летна школа по српски јазик и култура се одржа од 15 до 18 јуни на бреговите на Охридското Езеро, објави српскиот културен центар СПОНА.

Според програмата наставата опфатила српски јазик, историја на уметноста и физичка култура, во лтната школа учествувале основците од Скопје, Куманово, Тетово и Јосифово.

Предавачи биле историчарката на уметност Јасмина С. Ќириќ, лекторката Јелена Макевиќ, како и наставникот по физичка култура Горан Јовановски Јуруковски.

Во рамките на Летната школа во Охрид беа одржани едукативните работилници „Мал архитект“ и „Мал зограф“, наменети за запознавање на децата со основите на средновековната сакрална уметност и архитектура. Преку игра, разговор и непосредно набљудување на спомениците, учесниците имаа можност да ги препознаат и именуваат основните делови на православниот храм, како што се куполата, олтарот и припратата. Во рамките на работилницата „Мал зограф“ тие го истражуваа светот на средновековниот живопис, ги препознаваа претставите на Христос и Богородица, ги пребројуваа фигурите на ангелите и светителите и откриваа поединечни елементи од иконографската програма, пишува СПОНА

Фото: Анета Цветковска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img