Бугарската црква против одржувањето на ЛГБТ парадата во Софија

Date:

Share post:

Синодот на Бугарската православна црква официјално затсна против одржувањето на „Софија Прајд 2026“, наведувајќи дека не ги одобрува идеите и пораките на настанот и ги повика државните институции и општеството да го поддржат бракот, семејството и христијанските вредности.

Во својата позиција Црквата упатува апел и до родителите за духовното и моралното воспитување на децата, посочувајќи дека БПЦ постојано сведочи за Божјата љубов кон секој човек и ги повикува сите на живот според светото Евангелие, во чистота, добродетел и верност кон Божјата волја. Г

Светиот Синод не го одобрува и се спротивставува на одржувањето на „Софија Прајд 2026“ и го изразува своето несогласување со идеите и пораките што се промовираат преку овој настан. Православната црква исповеда дека човекот е создаден од Бога како маж и жена и дека семејството, засновано врз благословениот брачен сојуз меѓу маж и жена, е природната и од Бога дарувана средина за живот, љубов, раѓање и воспитување на децата. Со загриженост ги следиме обидите ставови и модели на однесување, неспоиви со христијанското морално учење, да бидат претставувани како рамноправна алтернатива на воспоставениот од Бога поредок за човечкиот живот. Особено загрижувачко е кога таквите пораки се насочуваат кон деца и млади луѓе, кои сѐ уште го градат својот вредносен систем и личен идентитет. Грижата за младата генерација нѐ обврзува да ги потсетиме зборовите на нашиот Господ Исус Христос: „Тешко му на светот од соблазните, зашто соблазни треба да дојдат; но тешко му на оној човек преку кого доаѓа соблазната“, стои во соопштението од БПЦ.

Во тој контекст бугарските владици ги повикуваат родителите да бдеат над духовното и моралното растење на децата и да ги воспитуваат во почитување на христијанските добродетели и семејни вредности.

-Неразумно е возрасните да ги остават младите луѓе без јасни морални ориентири во свет исполнет со противречни пораки и искушенија. Наша должност е да им помагаме да изградат здрав вредносен систем, заснован на вистината, одговорноста и почитта кон човечкото достоинство. Со пастирска љубов им се обраќаме и на организаторите и учесниците на овој настан, како и на сите наши сонародници. Црквата никого не отфрла и не престанува да се моли за секој човек, но е должна јасно да сведочи за евангелската вистина и да ги заштитува своите верни чеда од духовна заблуда. Вистинската слобода не се состои во потврдувањето на секоја желба или стремеж, туку во следењето на вистината, која го ослободува човекот и го води кон полнотата на животот во Бога, стои во соопштението.

Синодот на БПЦ смета дека сите државни институции, општествени организации и целото бугарско општество треба да придонесат за зацврстување на бракот и семејството, за јакнење на моралните темели на народот и за зачувување на духовните и културните вредности врз кои е изградена бугарската државност.

-Ниту еден народ не може да има здрава иднина ако ослабне почитта кон семејството, родителството и моралните основи што генерации Бугари ги зачувувале и пренесувале како свое бесценето наследство. Потсетуваме дека на 14 јуни Бугарската православна црква ја одбележува Неделата на сите бугарски светители. Во пресрет на овој светол празник, да се потсетиме на нивниот подвиг, на нивната верност кон Христос и на духовното наследство што ни го оставиле. Недозволиво е во деновите кога го почитуваме споменот на светителите што засветлиле на бугарската земја, да ги заборавиме вредностите за кои тие живееле, страдале и сведочеле. Тие нѐ учат дека вистинското достоинство на човекот се открива во светоста, во љубовта кон Бога и ближниот и во стремежот кон уподобување на Бога. Нашите свети предци ни покажале дека борбата со страстите, вклучително и со телесните страсти, е во средиштето на христијанскиот живот. Немаме право грешните страсти и наклонетости да ги претвораме во норма, пример за подражавање или идеологија. Напротив, треба од Бога да бараме сила за да се бориме со нив, црпејќи со полни раце од благодатната ризница на Црквата во нејзините свети Тајни, стои во соопштението на САС на БПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img