Малкумината знаат за расколот во Католичката црква – Шпанија има свој „вистински“ Папа

Date:

Share post:

Иако седиштето на Светата Столица, односно на Папата, се наоѓа во Ватикан, постои уште една црква во Европа која својот водач го смета за вистинскиот и единствен Папа, а односите меѓу Ватикан и таа црква се заладени уште од 1978 година.

Имено, во местото Ел Палмар де Троја во Шпанија, од 1978 година постои Палмаријанска христијанска црква, со која моментално раководи Маркус Јозеф Одермат (59), човекот кој го носи папското име Петар III.

Историјата на оваа црква е поврзана со конфликтот во Ватикан што следувал во 1978 година, кога починал Павле VI. Иако бил во лоша здравствена состојба поради повеќе болести, Палмаријанската црква тврди дека Римска курија со години го дрогирала папата и на тој начин му го отежнувала извршувањето на должностите.

Во тој период во Шпанија се зборувало за човек по име Клементе Домингез Гомез, кој тврдел дека имал визии на Богородица во кои таа ги осудувала ересите и прогресивизмот на Римокатоличката црква. Во тоа време Домингез основал сопствен монашки ред, тврдејќи дека дејствува според упатствата на Богородица.

Во мај 1976 година тој целосно го загубил видот во сообраќајна несреќа, но и понатаму тврдел дека има визии во кои му било кажано дека ќе биде „идниот Петар, папата што ќе ја зацврсти верата и Црквата“.

Тврдејќи дека е наследник на папата Павле VI, Домингез во 1978 година се прогласил за папа Григориј XVII, а неговите следбеници решиле целосно да ги прекинат врските со Ватикан.

Исто така, во оваа црква нагласуваат дека со смртта на папата Павле VI завршило општото отпадништво на Римокатоличката црква.

„Спротивно на вистината, на отпадничкиот престол во Рим бил поставен лажен пастир: злокобниот антипапа Јован Павле I, слободен ѕидар и волк во јагнешка кожа“, порачале тие.

Овој папа ја водел Црквата во Шпанија до 2005 година, по што бил наследен од папата Петар II, кој ја извршувал таа должност до 2011 година.

Од тогаш до денес Црквата ја предводи папата Петар III, односно Маркус Одермат, кој по потекло е од Швајцарија.

Тој, како и неговите претходници, тврди дека Палмаријанската црква е единствената автентична христијанска црква („Една, Света, Католичка, Апостолска и Палмаријанска Црква“).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img