МПЦ-ОА ќе формира Фодн за многудетни семејства – како ќе функционира?

Date:

Share post:

Македонската православна црква ќе формира Фонд за поткрепа на многудетни семејства. Ваква одлука донел Синодот, во полн состав, на последната седница, откако ја алализира демографската состојба кај македонскиот народ.

-Воден од пастирска грижа, Светиот архијерејски синод, одлучи да формира Фонд за поткрепа на многудетни семејства, стои во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Синодот не соопштува детали, како ќе функционира овој Фонд, што тој ќе значи, но генерално оваа иницијатива на Синодот е една од ретките што ги покренува Црквата во поглед на нејзината улога во социјалниот аспек на општеството.

Иницијативата првично најиде на поздравување од верниците, но останува нејзито дефинирање и реализација.

Неофицијалните информации на Религија.мк, велат дека иницијативата засега е на ниво на идеја. На седницата на Синодот не биле дефинирани сите аспекти и оставено е да се најде најсоддветен модел за нејзина реализација. Во наредниот период ќе се прецизира моделот како тој Фонд ќе се полни. Една од варијантите е епархиите да одвојуваат средства, исто и архиереите. Нашите информации велат дека многу важно е да се воспостават и критериуми по кои ќе се реализира помошта. Тука улога најверојатно ќе имаат и парохиските свештеници.

-Има многу идеи, засега постои согласност тој Фонд да се воспостави и ќе се работи на него, велат за Религија.мк, извори од Синодот на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img