Папата Лав се извини за улогата на Католичката црква за време на ерата на ропството. Во својата прва енциклика, објавена денеска, поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот призна дека неговата Црква не ја осудила решително трговијата со робови – која траела со векови – сè до 19 век. Енциклика е официјално писмо или послание што го издава папата, најчесто упатено до бискупи, свештеници и верници, а понекогаш и до сите луѓе.
Ропството, пишува папата Лав во посланието, „претставува рана во христијанската меморија“, додавајќи: „За ова, во името на Црквата, искрено барам прошка“.

