Српскиот патријарх Порфириј упати честитка до новиот патријарх на Грузија, Шио за неговиот избор.
-Како учесници во историјата, просветлувани од незалезната светлина на Воскреснатиот Христос, и доживувајќи ја тајната на Божјата љубов во одекот на овој најубав восклик под сонцето, се радуваме што денес во неговото созвучје се најде и гласот кој ја израдува Светосавската Црква и целата христијанска вселена – дека сестринската Грузиска Црква, во вашата богољубива личност, го доби својот архипастир и поглавар. Длабоко веруваме дека вашиот избор на свештениот и древен Трон на грузиските патријарси е израз на Божјата благоволност, со која христоименитиот народ на светата рамноапостолна Нина доби доблесен отец, добар пастир и неуморен учител. Уверени сме дека на новото послушание во Светата Црква, со вашето служење, на сите ќе им бидете жива потврда и укрепување дека Бог не ни даде дух на страв, туку на сила, љубов и мудрост (II Тим. 1, 7), и со тоа ќе се покажете како достоен наследник на блаженоупокоениот патријарх Илија и на сите други духовни великани кои низ изминатите векови на страшни бури и премрежија богомудро управуваа со бродот на Грузиската Патријаршија, стои во честитката.
