Осветена црквата на свети Агатангел Битолски во Велес

Date:

Share post:

Во Велес денеска осветен храмот на „Св. Агатангел Битолски“. Станува збор за новоизградена црква, која се градеше под покровителство на Повардарската епархија и со донации од верниците.

Светиот чин на осветување на храмот го изврши митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение на митрополитот Кумановско-осоговски Григориј, задно со свештенство на Повардарската епархија. По чинот на осветување на храмот се отслужи и првата Божествена Литургија во него.

-Храмот се изгради под покровителство на Повардарска епархија, и со доброволни прилози на православните христијани од Велес и од цела Македонија, кои се запишани во книгата на ктиторите, помагателите и украсителите на овој свет православен храм. Чинот на осветувањето на црквата молитвено го проследија многубројни верници од Велес, но и од други македонски градови, меѓу кои присутни беа и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев и пратеникот во македонското Собрание, г-дин Александар Јамалов, велат од епархијата.

Фрескоживописот и иконите во црквата ги изработија зографите Велче Свеќаров и Гоце Василески од Велес, а иконостасот го изработи копаничарот Љубомир Бисинов од Велес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here