СПЦ на Саемот на книги во Скопје

Date:

Share post:

Српската православна црква, преку епархијата Шабачка, учествува на Саемот на Книга, што се организира во Скопје.

Издавачкиот фонд „Гласот на Црквата“ е сместен со свој штанд во рамки на штандот на Република Србија.

-Со благослов на Неговото Преосвештенство, епископот шабачки Јеротеј, а по покана на Министерството за култура на Република Србија, Издавачкиот фонд „Гласот на Црквата“ на Шабачката епархија го претстави своето издаваштво во рамки на штандот на Република Србија на 38. Меѓународен саем на книга во Скопје. Јереј Владимир Периќ, извршен уредник и ѓаконот Милош Јовановиќ, координатор за дистрибуција на книги, на 25 април 2026 година го посетија штандот на Република Србија и присуствуваа на промоциите организирани од Министерството за култура на Република Србија. Меѓународниот саем на книга во Скопје се одржува од 23 до 29 април 2026 година во салата „Борис Трајковски“, а неговото овогодишно мото гласи: „Отвори прозорец кон нови светови“., стои во соопштението на СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img