Бигорскиот манастир и ова лето ќе ги организира летните школи по Веронаука за деца од 10 до 15 години.
Летните школи ќе почнат во втората половина на јуни и ќе траат до средината на август. Предвидени се пет смени од по пет дена. Групите се за деца од 10 до 12 години и од 13 до 15 години.
Летните школи по Веронаука се одржуваат во Бигорскиот скит посветен на „Светите браќа Кирил и Методиј“ во село Битуше, а се со благослов на епископот Партениј.
-Преку овие школи, децата ќе имаат единствена можност да се запознаат со убавината на православната вера, традициите, културата и уметноста, но и да се рекреираат среде живописната природа на планината Крчин. За децата ќе се грижи стручен и посветен тим составен од дипломирани теолози, педагози, психолози, социјални работници, доктори, воспитувачи и професори од различни научни и културни дисциплини. Тие ќе се погрижат престојот на вашите најмили да биде безбеден, поучен и исполнет со многу љубов, велат од Бигорски.
Прва смена: 14 – 19 јуни (за деца од 10 до 12 години), Втора смена: 28 јуни – 3 јули (за деца од 13 до 15 години), Трета смена: 13 – 18 јули (за деца од 10 до 12 години), Четврта смена: 3 – 8 август (за деца од 10 до 12 години), Петта смена: 10 – 15 август (за деца од 10 до 12 години)
Повеќе за деталите за пријавување, прочитајте ОВДЕ.

