Првата жена архиепископ на Кентербери се сретна со папата Лав XIV во Апостолската палата.
Потоа, таа напиша на социјалните мрежи дека било „голема чест да се сретне и да се моли со Неговата Светост“, изразувајќи благодарност за топлото добредојде.
Таа, исто така, го нагласи заедничкиот пат на христијаните кон единство, мир и правда, додавајќи дека ќе остане обединета со папата во молитва „за свет на мир и за сите да ја откријат полнотата на животот што Бог ја нуди“.


Sarah Mullally е Архиепископ и primus inter pares на Англиканската црква. Не е римокатолик. Англиканската црква се одвоила од Римокатоличката во времето на Хенри VIII (1532). Формално е конституирана 1867 г. Архиепископот на Англиканската црква го избира англискиот монарх. Ја сочинуваат 42 независни провинции во 164 земји. Членството се проценува на 85-110 милиони верници. Архиепископот од Canterbury е поглавар/првопрестолен на останатите епископи. Нивната доктрина претставува своевидна комбинација меѓу англокатолицизмот и протестантизмот на евангелистите.
Чисто да се знае дека информацијата не е за интерни односи во Римокатоличката црква.