Вселенскиот патријарх Вартоломеј вели дека Црквата не може да остане немa пред страдањето, посчувајќи ја војната во Украина. По неделната литургија во Фанар, Вартоломеј изрази длабока загриженост за тековната војна, истакнувајќи дека конфликтот предизвикал огромно страдање кај украинскиот народ.
Тој, исто така, предупреди дека нападите врз нуклеарни постројки претставуваат сериозен ризик не само за Украина, туку и за цела Европа и поширокиот свет.
Патријархот Вартоломеј повика на „праведен и траен мир“, апелирајќи за прекин на непријателствата, заштита на цивилите и зачувување на животната средина. Тој нагласи дека човечкото достоинство и грижата за создадението се свети одговорности што ги споделуваат сите.

