Велигден меѓу Македонците на Австралиско-сиднејската епархија

Date:

Share post:

Македонските верници на Австралиско-сиднејската епархија го одбележаа Христовото Воскресение Велигден низ црквите на епархијата во Австралија.

Игуменот Гаврли ја служеше Воскресната литургија во ноќта на Христовото Воскресение, во  манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк.

-Со запалени свеќи во рацете, верниот народ го дочека радосниот поздрав: „Христос Воскресна!“, сведочејќи ја победата на животот над смртта. Игуменот на манастирот, отец Гаврил (Галев), ја објави најрадосната вест за Христовото Воскресение, повикувајќи ги верните да живеат во светлината на воскресната надеж и вечниот живот. Во благодатна и молитвена атмосфера, Воскресението Христово уште еднаш ги собра верните околу вечната вистина на нашата вера, велат од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img