Непознати сторители ја ограбиле џамијата во тетовско Сараќино. Обиле сеф, кој имамо парични средства собрани од донации.
Случајот е пријавен во полиција, а МВР работи на негово расчистување.
– На 07.04.2026 во 14:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека во периодот од 04.04 до 06.04.2026 во џамија во село Сараќино, тетовско, со употреба на тврд предмет е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени парични средства од доброволните донации, се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

