Со благослов на митрополитот Онуфриј од УПЦ, на погребот на грузискиот патријарх Илија присуствуваше делегација предводена од Митрополитот Тернопилски и Кременец Сергиј, кој изврши опело за починатиот поглавар на Грузиската црква. Митрополитот Сергиј оствари и личен контакт со Вселенскиот патријарх, при што примил благослов. Овој чин привлече внимание поради претходните одлуки на УПЦ, која по 2018 година и доделувањето на Томосот за автокефалност на Православната црква на Украина, објави прекин на врските со Вселенската патријаршија.
Православната црква на Украина (ПЦУ) оцени дека присуството на делегација на Украинската православна црква (УПЦ) на погребот на грузискиот патријарх Илија II во Тбилиси е показател за „сложената конфигурација на современиот православен свет“.
Во соопштение објавено од Тернополската епархија на ПЦУ, се наведува дека ПЦУ не била официјалнопретставена на настанот, додека УПЦ, како што се истакнува, се наоѓа „во единство со Московската патријаршија“.
Според ПЦУ, ваквата ситуација ја отсликува комплексноста на односите во православието, каде прашањата за претставување, канонски статус и црковна припадност остануваат отворени. „Ова е сведоштво за сложената конфигурација на современиот православен свет, каде некои прашања сè уште не се целосно разрешени“, се наведува во соопштението.
Во исто време, од ПЦУ нагласуваат дека нивната епархија молитвено се солидаризира со народот на Грузија и внимателно ги следи црковно-политичките случувања поврзани со изборот на нов поглавар.
На погребот на патријархот Илија II присуствуваа бројни делегации од православниот свет.

