Ајатолахот го прозва Трамп за жртвите – најмалку 3.000 лица се убиени во Иран

Date:

Share post:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, за првпат јавно го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека е „директно одговорен за жртвите и штетите“ во земјата, пренесува СкајЊуз. Според него, протестите биле „дело на странски терористи и вандали што ги уништуваат сопствените улици за да му угодат на претседателот на друга земја“.

-Трамп е одговорен за жртвите, штетите и за клеветите што ги упати против иранскиот народ, напиша Хамнеи на мрежата Икс, во својата прва објава по повеќе од пет дена молк.

Според медиумските извештаи во иранската репресија се убиени најмалку 3.090 лица, од кои 2.885 биле демонстранти. Државната телевизија на Иран, пак, признава само 300 загинати.

Протестите почнаа на 28 декември поради инфлацијата и сиромаштијата, а за неколку дена се прошириле низ цел Иран. Студенти и трговци марширале во Техеран, повикувајќи на крај на клерикалното владеење и потсетувајќи на времето на Реза Шах, симбол на секуларниот Иран пред 1979 година.

Трамп, кој првично најави „помош за иранскиот народ“, потоа го смени тонот и се заблагодари на иранското раководство за откажувањето на „над 800 бесења“.

– Никој не ме убедил да не нападнам, јас самиот се убедив – изјави тој пред новинарите, додавајќи дека „времето ќе покаже кој имал право“.

Во меѓувреме,  прогонетиот престолонаследник Реза Пахлави од Вашингтон порача дека „Исламската Република ќе падне – не ако, туку кога“, најавувајќи преодна влада за враќање на демократијата. Но, аналитичарите предупредуваат дека тоа сценарио е далеку од реалност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img