Папата Лав XIV повика на 24-часовен мир во светот за Божиќ

Date:

Share post:

Папата Лав XIV упати апел за 24-часовен глобален мир за време на празникот Рождество Христово, повикувајќи ги сите страни во вооружените конфликти барем еден ден да го прекинат насилството.

Апелот беше упатен во вторникот, 23 декември, од Кастел Гандолфо, каде папата разговараше со новинари и одговараше на прашања поврзани со војната во Украина, состојбата на Блискиот Исток и законодавството за асистирано самоубиство во Соединетите Американски Држави.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, папата изрази жалење поради одбивањето на Русија да прифати божикно примирје, посочувајќи дека токму за време на празникот на Христовото раѓање е неопходно да се покаже почит кон човечкиот живот. „Барем за празникот на раѓањето на Спасителот, нека биде почитуван еден ден мир – 24 часа мир во целиот свет“, изјавил папата.

Говорејќи за Блискиот Исток, каде се разгледува втората фаза од договорот за примирје, папата ја споменалнеодамнешната посета на Појасот Газа од страна на кардиналот Пицабала, латински патријарх на Ерусалим. Тој информирал дека е во контакт со парохискиот свештеник во Газа, каде христијанската заедница се обидува да го одбележи Божик во исклучително тешки услови. Папата изразил надеж дека мировниот процес во регионот ќе продолжи и ќе донесе поголема стабилност.

Во врска со Соединетите Американски Држави, папата Лав XIV изразил разочарување од одлуката на сојузната држава Илиноис да усвои закон кој дозволува асистирано самоубиство за возрасни лица со терминална болест, со примена од 2026 година. Тој потсетил дека за ова прашање разговарал директно со гувернерот на Илиноис, нагласувајќи ја потребата од почитување на светоста на човечкиот живот „од зачнувањето до природната смрт“.

Папата ги повикал верниците, особено во божикниот период, повторно да размислат за вредноста и достоинството на човечкиот живот, нагласувајќи дека христијанската вера ја темели својата порака врз заштитата на животот во сите негови фази.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here