Митрополитот на Најроби, Макариј, во интервју за грчкиот православен портал OPE.gr, зборувал за значењето на празникот Божик во Африка и за духовните предизвици со кои се соочуваат верниците на континентот.
Во својата поука, митрополитот нагласил дека Божик во Африка има длабоко духовно значење како празник на надеж и заедништво, особено во општествата каде што секојдневниот живот е исполнет со социјални и економски предизвици. Тој истакнал дека празникот ги поврзува луѓето преку верата и ја поттикнува солидарноста меѓу верниците.
Макариј потенцирал дека христијанската радост и чувство на блискост не завршуваат само со свечените богослужби, туку продолжуваат преку дела на љубов, грижа и поддршка кон заедницата. Според него, Божик претставува повик за обновување на надежта, за зајакнување на семејните врски и за продлабочување на молитвената и духовната врска со Бога.
Фокусот на неговото обраќање бил ставен и на значењето на црковните активности и православното богослужение во африканските земји, каде што локалните православни заедници продолжуваат да растат и да ги зајакнуваат своите структури, со цел да одговорат на духовните потреби на верниците.
Митрополитот Макариј изразил благодарност до верниците и верските лидери што ја негуваат традицијата и ја пренесуваат радоста на Христовото раѓање низ целиот континент, нагласувајќи дека празникот е шансa за обновување на верата и за утврдување на љубовта и мирот.
