Историска посета на имамот од Каба на Македонија – ИВЗ беше домаќин петт дена

Date:

Share post:

Од 4 до 8 декември Македонија и Исламската верска заедница беа домаќини на големиот имам на Каба Шејкот Махир Ал-Муајкaли. Ова е прва ваква посетан на висок верски претставник на Саудиската Арабија во Македонија, кој има статус и на дипломат, а за чија посета организациски беше и државата.

ИВЗ посетата ја оцени како исклучително важна, потсетсувајќи дека „посетите секогаш се добредојдени и според традицијата, гостите заслужуваат највисок почит и уважување од страна на домаќинот.“

-Но, во посебни случаи, посетата добива уште поголемо значење кога се зема предвид фактот дека личноста која не посетува e ценетиот Имам на Благословената Кааба, неговата екселенција, Шејх Д-р Махир Ал-Муајкaли, кој не е само обичен имам, туку е една од тие исклучителни личности кои се благословени од Аллах да водат верниците во молитва од истото место од каде што водел и Пратеникот на Аллах, Мухаммед (с.а.в.с.), а тоа е Благословената Кааба, велат од ИВЗ.

Поглаварот Шакир Фетаи вели дека датумите кога имамот на Каба бил во Македонија ќе бидат запишани како незаборавни, историски, ентузијастички и ќе останат впишани во мемориите на верниците на овој простор и на целиот свет.

-Бидејќи бевме сведоци на посетата на една личност која освежи срца, ги милуваше душите и разбуди емоции и чувства кои не можат да се опишат со зборови за сите нас, вели Фетаи.

-Претседателот на Исламската Верска Заедница на РСМ, Реисул Улема Х. Хфз. Шакир еф. Фетаи, во свое лично име, во име на органите на Исламската Верска Заедница на РСМ и на сите верници, упати благодарност и изрази посебни благодарности кон Кралството Саудиска Арабија, под водство на Чуварот на Двата Харама, Неговото Величество, Крал Салман бин Абдулазиз Ал-Сауд, како и на Принцот на Круната, Неговата Екселенција, Мухамед бин Салман (Аллах да го чува), кои со својата визија направија Саудиска Арабија да стане клучен фактор во развојот на глобалните процеси. Како резултат на оваа визија, во 2024 година, во Скопје, на свечен начин, беше потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за верски работи, повикување и упатување на Кралството Саудиска Арабија и Исламската Верска Заедница на РСМ, во присуство на министерот на Кралството, С.Х.Т. Абдуллатиф бин Абдулазиз Ал-Шејх и Реисул Улема Х. Хфз. Шакир еф. Фетаи, велат од ИВЗ.

Таа потстеува дека една од клучните точки на овој меморандум е токму оваа посета на Имамот на Кааба, Шејх Махир Ал-Муајкaли.

Оваа посета беше реализирана во соработка со амбасадорот на Кралството Саудиска Арабија со седиште во Тирана.

1 COMMENT

  1. EEEE, mnogu vi BLAGODARAM, da ne ste ova objavile, će ne sum znael deka sme imale tolku uzvišen gost. Jsvuvajte sekogaš koga će ni doađa bilo koj odža na gosti, pa maket i od Albanski džamiji.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img