Во Рим промовиран капитален зборник за улогата на Црквите и Ватикан во миротворството во Источна и Централна Европа

Date:

Share post:

Во древната папска базилика San Paolo fuori le mura во Рим, бил претставен значаен научен зборник од многутомната серија Црквите од дваесеттиот век и Светиот Престол за мир: историја и дипломатија во Централна и Источна Европа.

Изданието е резултат на петгодишен истражувачки проект на Папскиот Григоријански универзитет и неговиот Факултет за историја и културно наследство. Автори се десет професори од Европа, Америка и Канада.

Зборникот, чиј предговор е напишан од кардиналот Џејмс Харви, а го редактирал истакнатиот полски историчар и дипломат, проф. Јан Микрут, нуди нови архивски податоци и научни толкувања за црковната дипломатија во Централна и Источна Европа во 20. век.

На промоцијата се истакнало дека понтификатите на двајцата папи, Јован XXIII и Јован Павле II, сведочат дека меѓусебното уважување и отворениот дијалог можат да создадат силна основа за идното христијанско единство.Зборникот ги потсетува црквите дека „верата, братството и дијалогот“ се клучни за надминување на разделбите и за градење мир во Европа и светот.

Завршната мисла, цитирана од митрополит Арсениј Пловдивски, била силно нагласена: „Да пребиваме во едната света, вселенска и апостолска Црква… да ја бараме братската љубов, заемното помагање и Божјото царство.“

На настанот присуствувале дипломати, богослови и историчари од повеќе европски земји.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img